Кевин Харт сепак нема да ги води Оскарите

За ваквата одлука „виновни“ се негативните коментари во врска со неговите изјави околу сексуалните определби.

69
фото:EPA Clemens Bilan

Актерот Кевин Харт кој пред некој ден беше избран да ги води Оскарите, сепак нема да го направи тоа во 2019 година.

За ваквата одлука „виновни“ се негативните коментари во врска со неговите изјави околу сексуалните определби.

„Донесов одлука да се откажам од улогата на водител на церемонијата на која се доделуваат наградите ‘Оскар’ која се одржува кон почетокот на следната година, бидејќи не сакам вниманието да биде насочено против мене во ноќта во која ќе бидат почестени многу неверојатни и талентирани уметници”, рече тој и се извини за неговите изјави во минатото за сексуалната малцинска заедница.