Германска авиокомпанија тужи патник кој не се качил на летот

Патникот резервирал лет, на тој начин што, кога авионот ќе застане во некој град, тој ќе остане таму и нема да биде дел од втората половина од патувањето.

393

Авиокомпанијата „Lufthansa“ од Германија поднесе тужба против патник, кој не се качил на летот во вториот дел од патувањето.

Патникот резервирал лет, на тој начин што, кога авионот ќе застане во некој град, тој ќе остане таму и нема да биде дел од втората половина од патувањето. Овие летови обично се многу поевтини, во однос на директните летови, пренесува „CNN“, наведувајќи дека ова не е прв случај патниците да ја користат оваа итра шема.

Во конкретниот случај, лицето резервирало повратен лет од Осло до Сиетел, со застанување во Франкфурт. Патникот ги искористил сите етапи од патувањето, но не се качил на летот од Франкфурт до Осло, туку фатил посебен лет од истата авиокомпанија за да стигне од Франкфурт до Берлин.

Сега, авиокомпанијата бара отштета од нешто повеќе од 2.000 евра, тврдејќи дека била неоправедно изиграна.

Како што информираат од „CNN“, тужбата првично веќе била отфрлена од судот во Берлин, но авиокомпанијата „Lufthansa“, ќе поднесе и жалба на оваа одлука.