Германија ја укинува забраната за употребата на нацистичките симболи во видео игрите

124

Видео игрите кои се комерцијализирани во Германија, отсега ќе можат да користат нацистички симболи, под услов нивното присуство да не е за пропагандни цели, соопшти германското регулаторно тело.

Досега во видео игрите, за разлика од филмовите, мораше да се почитува законот за забрана на истакнување симболи од времето на нацизмот.

Кукастиот крст во некои видео видео игри, меѓу кои “Call of Duty” или”Wolfenstein II: The New Colossus”, во германската верзија беше заменет со друг симбол.

Регулаторното тело сепак наведе дека не планира глобално одобрување на нацистичките симболи во сите сфери, туку ќе дава согласност за секој случај поединечно.

„Таквите симболи можат да се користат ако се во служба на уметноста, науката или историјата“, додаде германското тело, наведувајќи дека ваквиот пропис важи за филмовите и претставите.

Германската јавност негодуваше поради цензурата на некои видео игри или игри со изменети симболи, а имаше и случаи со бришење на брковите на Адолф Хитлер. (Макфакс)