Забава се претвори во трагедија: Полицијата во Перу упадна во дискотека, во стампедото загинаа 13 лица (ФОТО+ВИДЕО)
„Во тие околности кога луѓето се борат да излезат надвор, настанала мешаница и сите се свртеле еден кон друг“, рече Орландо Веласко од локалната полиција.
Најмалку 13 лица загинаа во обид да побегнат од ноќен клуб во кој упаднала полицијата зошто бил отворен и покрај рестрикции воведени во борба против коронавирусот, објавија властите.
Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и тројца полицајци, откако околу 120 луѓе во саботата навечер се обиделе да побегнат од клубот Томас Рестобар кога полицијата дошла да ја растера забавата, соопштија владините функционери и полицијата.
Соседите во полиција го пријавиле настанаот во клубот во квартот Лос Оливос во перуанската престолнина.
„Во тие околности кога луѓето се борат да излезат надвор, настанала мешаница и сите се свртеле еден кон друг“, рече Орландо Веласко од локалната полиција.
Во соопштението на министерството за внатрешни работи на Перу се наведува дека луѓето се обиделе да побегнат низ единствената влезна врата и останале зарбени меѓу таа врата и скалите кои водат кон улицата.
Полицијата притвори најмалку 23 „журкаџии“.
Перу нареди затворање на ноќните клубови и барови во март и забрани семејни собирања од 12 август за да се бори со коронавирусот во втората најтешко погодена земја од Латинска Америка според податоците на Ројтерс. На сила е и неделниот полициски час.
Перу во саботата забележа вкупно 585.236 случаи на коронавирус, што е двојно повеќе од 2 јули. Бројот на починати порасна на 27.453.