За цврсти коски доволни се две минути дневно! Пробајте ја оваа вежба

Ако се практикува на дневно ниво, ќе се намали ризикот од фрактура на зглобовите, колковите и бутната коска при паѓање во подоцнежната возраст.

757
Профимедиа

Густината на коските најбрзо се зголемува во текот на адолесценцијата, а тој процес се забавува со текот на годините. Максималната коскена маса се достигнува во 25-тата година од животот, а потоа опаѓа.

Ако сакате да ги зајакнете коските и да го намалите ризикот од опасната остеопороза, доволно е секој ден да скокате по две минути. Така тврдат британските стручњаци, кои спровеле истражување со кое докажале дека оваа вежбичка ја подобрува густината на коските и на подолги патеки има одличен ефект.

Ако се практикува на дневно ниво, ќе се намали ризикот од фрактура на зглобовите, колковите и бутната коска при паѓање во подоцнежната возраст.

– Ги тестиравме ефектите на оваа едноставна и брза вежба на 34 доброволци на возраст од 65 до 80 години во рок од една година – рекла Сара Алисон, водач на истражувачкиот тим.

Учесниците не смееле да воведуваат никакви промени во вообичаениот начин на животот, освен што почнале да скокаат секој ден. Деталните анализи на крајот покажале дека двеминутното скокање ја подобрило густината на коските за дури седум отсто.