За кралската свадба, цел авионски екипаж на лет на „Бритиш Ервејз“ ќе...

За кралската свадба, цел авионски екипаж на лет на „Бритиш Ервејз“ ќе се вика Меган и Хари

Патниците ќе можат да изберат дали во текот на летот ќе ја гледаат серијата „Suits“ или документарец за замокот Виндзор.

104
SHARE
Профимедиа

Компанијата „Бритиш Ервејз“ на летот Лондон-Торонто, во сабота на 19 мај, ќе пушти персонал чии членови ги носат имињата Меган и Хари.

Исто така, симболиката е уште поголема доколку се знае дека Меган Маркл некогаш живеела во Торонто, а таму и за првпат се забележани заедно со принцот Хари. На денот на кралската свадба во авионскиот екипаж ќе има две лица по име Хари и осум кои се викаат Меган. Дури и самиот пилот се вика Хари.

Патниците ќе можат да изберат дали во текот на летот ќе ја гледаат серијата „Suits“ или документарец за замокот Виндзор.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY