За 12 часови посадени 66 милиони дрвца – нов Гинисов рекорд

Во Индија е голема побарувачката на дрво за огрев, па затоа имаше случаи на неконтролирана сеча на шумите во текот на изминатите години.

91

Во индиската држава Мадја Прадеш е постигнат нов Гинисов рекорд, откако 1,5 милиони доброволци засадиле 66 милиони дрвца за само 12 саати.

Досега рекордот го држеше соседната држава Утар Прадеш, каде во 2016 биле посадени 50 милиони стебла.

Во Индија е голема побарувачката на дрво за огрев, па затоа имаше случаи на неконтролирана сеча на шумите во текот на изминатите години.

Планот на тамошните власти е до 2030 година да се покријат 95 милиони хектари со густа шума, за што се издвоени 6,2 милијарди долари.