Враќање на штипките за коса

261
Фото - Профимедиа

Трендот од 90-тите години да се носат штипки за коса се враќа во мода. Девојките ги обожаваа овие штипки пред се заради нивната практичност.

Ги имаше во сите можни бои, а посебно популарни во тој период беа во златна и сребрена боја, како и црните, најкласични штипки.

На неодамна одржана ревија на дизајнерот Александар Венр на модната недела во Њујорк, се појави токму тој заборавен моден додаток што некогаш жените го обожаваа. И сега се носи, но ретко кога надвор од дома.

Овој моден додаток e познат по тоа што добро ја држи средно густата коса, но не е баш најсолиден избор за многу густа коса, како ни за тенка и ретка коса.