Во Шведска пуштен првиот пат за напојување електрични возила

442
Фото - Принтскрин/Твитер/Joris Van Roy

Возачите на електрични автомобили во Шведска наскоро ќе може да ги напојуваат своите возила додека патуваат, откако скандинавската земја го направи првиот „електричен пат“.

Проектот, поддржан од владата, е во рана фаза и засега се опфатени два километра од еден јавен пат, при што напојувањето се прави автоматски штом возилото влезе во тој дел од патот (во близина на аеродромот во Стокхолм).

На средина на линијата на коловозна лента поставени се делови интегрирани во контактни шини, а приклучокот се прави со помош на применик на струја сместен на дното на автомобилот. Системот може да ја пресмета енергијата испорачана за секое возило и да се достави сметка на сопственикот на автомобилот.