Вкусни крокети од остатоци од ручекот

Можете да ги послужите и топли и ладни, секако се вкусни, а совршено одговараат со домашен сос по ваша желба.

113
Профимедиа

Состојки:
пире од компири
брашно (количината зависи од количината на пирето)
млеко по потреба
печено/пржено пилешко месо
2 јајца
остро брашно
лебни трошки

Подготовка:
Најпрво од пирето и брашното направете тесто. Но, внимавајте, тестото треба да биде меко и никако не смее да се лепи. Откако ќе го направите тестото, исечете го пилешкото месо и зачинете го по желба.
Обликувајте го тестото во топчиња, наполнете ги со пилешкото месо, а потоа истркалајте ги во лебните трошки. Испржете ги на загреан зејтин се додека не добијат златна боја.
Можете да ги послужите и топли и ладни, секако се вкусни, а совршено одговараат со домашен сос по ваша желба.