Вкусна и свежа „Шеф“ салата

Најпрво испржете ја сланината, 3 до 5 минути додека не стане златна и крцкава.

284
Принтскрин/Пинтерест

Состојки:
6 парчиња сланина
марула
200 грама пилешко месо, исечкано на ленти
80 грама шунка, исечкана на ленти
80 грама кашкавал ајдемер
1 лимон
1 домат
1 краставица
120 грaма павлака
2 лажици мајонез
сол и црн пипер
маслиново масло

Подготовка: 
Најпрво испржете ја сланината, 3 до 5 минути додека не стане златна и крцкава. Додека сланината се пржи, зелената салата, краставицата и доматот добро измијте ги и исечкајте ги.
Исцедете го лимонот и на сокот додадете го мајонезот и павлаката, заедно со 2 лажици вода и мешајте додека смесата не се соедини.
Во голем сад ставете ја зелената салата, доматите, краставицата, пилешките гради и шунката исечкани на лентички, сланината и кашкавалот. Зачинете и прелијте ја салатата со претходно направениот сос. Уживајте!