Ванилици по рецептот на баба

На даска којашто претходно сте ја наросиле со брашно, развлечете кора со дебелина од околу 0,5-1 сантиметар.

Профимедиа

Состојки:
200 г маст
4 лажици шеќер
1 јајце
1 жолчка
сок и рендана кора од лимон
500 г брашно (може и 100 г мелени ореви со 400 г брашно)
шеќер во прав (за валкање на ванилиците)
џем (по вкус)

Подготовка:

Пенесто изматете ја маста. Потоа додадете ја жолчката и едно цело јајце, сокот и кората од лимонот. Во таа смеса додадете го брашното, замесете тесто и оставете го малку да отстои.

На даска којашто претходно сте ја наросиле со брашно, развлечете кора со дебелина од околу 0,5-1 сантиметар. Со модла вадете мали парчиња, а потоа редете ги во подмачкано тавче.

Печете на 180 Целзиусови степени, околу 15 до 20 минути. Притоа внимавајте парчињата да останат бели. Кога ќе се изладат, ванилиците премачкајте ги со џем (по вкус) и составувајте ги две по две. На крајот извалкајте ги во шеќер во прав.