„Вајс“ и „Ѕвездата е родена“ со најмногу номинации на Златен Глобус 2019

49

Во време на предвидување на Оскарите, а подоцна и за наградите „Еми“, „Златните глобуси“, кои се вклучени за едни од најпрестижните награди, се сметаат за предвесници на победниците на Оскарите.

Мртва трка

Номинациите во дури 25 категории беа објавени на 6 декември, во живо, од хотелот „Беверли Хилтон“, Лос Анџелес, од страна на актерите Лесли Мен, Кристијан Слејтер, Тери Крус и Данаи Гурира. Политичката комедија „Вајс“ доби шест номинации за „Златен глобус“, а по неа е мјузичкиот римејк „Ѕвездата е родена“ во кој глумат Бредли Купер и Леди Гага. Филмот на Гага ѝ ја донесе првата номинација за „Златен глобус“.

Малкумина го предвидеа успехот на филмот „Вајс“, кој, помеѓу останатото, доби номинации за најдобар филм и најдобар актер за Кристијан Бејл кој е речиси непрепознатлив во таа улога како поранешен потпретседател на САД.

Во категоријата Најдобра драма за наградата конкурираат „Црниот пантер“, BlacKkKlansman“, „Боемска рапсодија“, „If Beale Street Could Talk“ и режисерското деби на Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“.

За Златен глобус во конкуренција мјузикл и комедија се натпреваруваат „Луди богати Азијати“, „The Favorite“, „Зелена книга“, „Враќањето на Мери Попинс“, „Вајс“.

Меѓу номинираните за најдобар актер во категоријата драма се Бредли Купер, Вилијам Дефо, Џон Дејвид Вашингтон, Рами Малек и Лукас Хеџис, додека во истата категорија меѓу номинираните актерки се Глен Клоус, Никол Кидман, Леди Гага, Мелиса Макартни и Розамунд Пајк .

На наградата за најдобар режисер се надеваат Бредли Купер, Алфонсо Куарон, Питер Фарели, Спајк Ли и Адам Мекки.

Предвесник на Оскарите

Номинациите за Златен глобус обично навестуваат каков расплет треба да се очекува на доделувањето на Оскарите, а меѓу фаворитите за триумф на двете церемонии се Бредли Купер и филмот „Ѕвездата е родена“.

Доделувањето на наградите е закажано за 6 јануари. „Златниот глобус“ годинава ќе го следат 210 земји од светот.