В недела целосно затемнување на Месечината, ќе трае еден час

Тоа ќе биде единствена можност за оваа и наредната година, а Месечината ќе биде релативно поблиску до Земјата и поради тоа ќе биде поголема, посветла, но и поцрвена.

170
Профимедиа

Викендов ќе се случи многу редок феномен од една страна на целосно затемнување на Месечината а од друга, на Супер Месечина. Жителите на Северна и Јужна Америка, како и во делови од Европа, в недела ќе можат да набљудуваат затемнувањето на Месечината. Тоа ќе биде единствена можност за оваа и наредната година, а Месечината ќе биде релативно поблиску до Земјата и поради тоа ќе биде поголема, посветла, но и поцрвена.

Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на Месечината додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час.

Затемнувањето ќе почне в недела вечерта или в понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од Земјата ќе се набљудува овој феномен.

Феноменот ќе може да се види во Северна и Јужна Америка, на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија, но и на брегот на Франција и Шпанија. Другиот дел од Европа ќе има само делумен поглед.

Наредното целосно затемнување на Месечината се предвидува за мај 2021 година.