Ме уценуваа со голи фотографии: Најбогатиот човек на светот јавно го обвини познатиот таблоид

Портпаролот како ни адвокатот на АМИ веднаш не реагирале на пораките на АП со барање за коментар.

256
Принтскрин

Сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос (55) изјавил дека била мета на „изнудување и уцена“ на издавачот на таблоидот „Нешенел енквајер“, кој, како што тврди, му се заканувал дека ќе ги објави неговите приватни фотографии ако не престане да истражува како таблоидот дошол до приватните преписки со љубовницата.

Безос, кој е, исто така, сопственик на „Вашингтон пост“, детално го опишал својот заемен однос со компанијата „Американ медиа“ (АМИ), во вонредниот блог во четвртокот на порталот Medium.com, пишува АП. Милијардерот не напишал дека таблоидот бара пари од него, туку дека „Нешенел енквајер“ сака тој јавно да каже дека известувањето на таблоидот не било политички мотивирано. Обвиненијата на
Безос претставуваат уште еден пресврт во конфликтот помеѓу најбогатиот човек на светот и еден од најпознатите американски таблоиди, кој го поддржува претседателот Доналд Трамп, додава АП.

Истражителите на Безос наговестиле дека известувањето на „Енквајер“ за неговата афера – вклучувајќи го и објавувањето на компромитирачките текстови – било водено со валкана политика.
„Секако дека не сакам да се објавуваат моите лични фотографии, но нема да учествувам во нивната добро позната пракса на уценување, политички услуги, политички напади и корупција“, напишал Безос за АМИ.
Портпаролот како ни адвокатот на АМИ веднаш не реагирале на пораките на АП со барање за коментар. Компанијата, меѓутоа, во минатото признала дека применувала т.н. пракса „фати и убиј“ за да му помогне на Трамп да стане претседател. Трамп, инаку, своевремено многу го критикуваше Безос и известувањето на „Вашингтон пост“ за Белата куќа.