Умре кучето што 8 години чекаше сопственикот да излезе од супермаркет

686
Фото - Принтскрин/Видео/greekreporter

Грчките медиуми ја слават лојалноста на кучето што осум години го чекаше својот сопственик да излезе од супермаркет, кое заради старост и болест сега морало да биде успиено.

Кучето секој ден одело од својот дом до супермаркетот и таму чекало да излезе неговиот газда. Сопственикот на кучето работел во супермаркетот, но пред осум години доживеал инфаркт и починал на работа, по што од супермаркетот бил изнесен од задната врата, па кучето никогаш не го видело.

После смртта на човекот, лојалното куче, кое секој ден во текот на работното време чекало пред супермаркетот, го хранеле соседите. Но, животното веќе било старо и болно, а ветеринар препорачал да биде успиено. Соседите собрале пари за процедурата.

– Не сакаше да се откаже. Упорно го чекаше својот сопственик да излезе од продавницата. Стануваше се понемоќен, послаб, но не сакаше да умре. Ветеринарот ни рече дека мора да се успие. Собравме пари со цел да му овозможиме мир – изјавил Никос Гарефалакис, еден од соседите.