Уметничката колекција на Рокфелер ќе биде продадена за пола милијарда долари, а парите ќе одат кај… ФОТО

Профимедиа

Уметничката колекција на милијардерот Дејвид Рокфелер би можела да достигне повеќе од 500 милиони долари наменети во хуманитарни цели напролет кога ќе биде ставена на аукција.

Акционерската куќа „Кристис“ продава стотици уметнички дела од колекцијата на Рокфелер и неговата сопруга Пеги, меѓу кои се и сликите на Моне, Матис и Пикасо, пренесе АП.

Колекцијата ќе биде можно да се види во Лондон од вчера до 8 март, пред да биде ставена на продажба во Њујорк од 7 до 11 мај.
Дејвид Рокфелер беше американски банкар и е еден од најбогатите луѓе на светот.

Според податоците на магазинот „Форбс“, вредноста на неговиот имот се мерела на околу 3,1 милијарди долари.

Роден е во Њујорк како најмлад од шесте синови Џон Рокфелер помладиот, синот Џон д. Рокфелер сениор, основачот на нафтната компанија „Стандард оил“.

Умре на 20 март 2017 година во Њујорк, во 101 години животот.

Подготви: K. A.

Фото: Профимедиа