Црна недела во Австрија! Убиени три жени за една недела: Во Виена уапсен 18-годишен Сириец осомничен дека ја задавил поранешната девојка!

Според првите резултати од истрагата девојчето било задавено, а пронајдени се и траги од борба.

363
Принтскрин/Фејсбук 

Полицијата во понеделникот го уапсила Сириецот Јазан А., осомничен за убиство на 16-годишната Мануеле К. во Винер Нојштат.

Телото на девојката која исчезнала во саботата го пронашла нејзината мајка во паркот, во близина на нивната куќа прекриено со лисја и гранки. Полицијата по налог на обвинителството објавила фотографија од осомничениот Сириец, инаку поранешно момче на жртвата. По интензивната потрага тој бил уапсен во Виена каде имал пријавено престојувалиште.

Инаку Јазан А. во Австрија дошол во 2014 година и одобрен му бил азил. Јазан А., меѓутоа, во меѓувреме заработил поголемо полициско досие поради што од октомври 2018-та водел постапка за одземање на азил.

Со Мануеле бил во врска околу една година, но поради неговата љубомора често се карале и таа пред неколку недели ја прекинала врската. Како што неофицијално се дознава, Мануеле го пријавила Јазан во полиција за сексуална злоупотреба.

Наводно се обиделе да ја обноват врската и во саботата се состанале во еден ресторан. Сириецот дури и и пратил порака на мајката на девојката дека ќе ја врати дома до 3 часот, но таа никогаш не дошла во домот на своите родители.

Според првите резултати од истрагата девојчето било задавено, а пронајдени се и траги од борба. Утврдено е дека не била убиена на самото место каде било пронајдено телото, туку дека била таму фрлена бидејќи биле пронајдени траги од влечење. Постои и сведок кој, додека го шетал кучето во паркот, го видел момчето на местото каде бил пронајден лешот.

Кога забележал дека го виделе, побегнал. Мануелe имала неколку браќа и сестри, а живеела со семејството во Винер Нојштат.

Ова инаку е црна недела за Долна Австрија, бидејќи ова е трето убиство на жена во седум дена во оваа покраина. Во вторникот до смрт била избодена 40-годишна мајка во Амштетен, а во средата навечер, исто така со нож, била убиена 50-годишна жена во населбата Винер Нојштат. Двајцата осомничени за ова убиство биле уапсени.

Фото: Принтскрин/Фејсбук