Цел свет му се смее: Премиерот на Австралија има две леви нозе ФОТО

На семејната фотографија, која требала да биде објавена на неговиот официјален сајт, се гледа дека носи невообичаено бели патики и тоа двете за лева нога.

644
Јутјуб/Скриншот

Австралискиот премиер Скот Морисон е изложен на потсмев на социјалните мрежи, поради фотографија која ја фотошопирале членови од неговиот кабинет, но неуспешно, зошто изгледа како да има две леви нозе.

На семејната фотографија, која требала да биде објавена на неговиот официјален сајт, се гледа дека носи невообичаено бели патики и тоа двете за лева нога.
Фотографијата многу брзо се рашири низ социјалните мрежи и предизвика бурни реакции. На Твитер се огласи и премиерот велејќи дека не побарал да му ги „светнат“ патиките и ако веќе мора да користат фотошоп тоа да го направат со влакната на нозете, изгледа како да ги нема. Тој објавил и фотографија од патиките како изгледаат без фотошоп.