Транссексуалец фаворит за победа на Мис на светот

457
фото: инстаграм

Македонија и оваа година нема да има своја претставничка на најпрестижниот избор на убавина Мис на светот, кој се одржувавечер на островот СанијаКина.
На годинашниот избор за Мис на светот ќе се натпреваруваат 118 убавици од целиот свет.

Убавицата Анхела Понсе со потекло од Шпанија која има 26 години е првата трансродна личност која ќе се натпреварува на изборот за Мис на светот.
Понсе се залага за вистинските личности кои како неа се труделе да се изградат како личност.

Таа е родена како момче во Севиља, а веќе еднаш се натпреварувала за избор на Мис на Шпанија.

фото: инстаграм

Во Шпанија, пред пет години, ја укинаа забраната за натпреварување на трансродовите лица во избори на убавина.

„Мојата цел е да бидам говорник за почитување на различностите, не само за ЛГБТ заедницата туку за целиот свет – вели шпанската мис.

За Мис на светот лани беше избана Мануши Чилар од Индија. Инаку, Индија има освоено најмногу титули на изборот.