Торта со целувки без печење готова за 20 минути

Мелените бисквити измешајте ги со малку растопен путер и малку топло млеко. Смесата распоредете ја на дното на калапот за торти.

265
Принтскрин

Состојки:
4 јајца
200 г целувки
1 чоколадо за готвење
200 г шеќер во прав
300 г мелени бисквити
1 маргарин
2 ќесички шлаг пена

Подготовка:
Мелените бисквити измешајте ги со малку растопен путер и малку топло млеко. Смесата распоредете ја на дното на калапот за торти.
Над неа наредете ги целувките.
Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги во густ шлаг.
Посебно изматете ги жолчките со шеќерот.
Чоколадата растопете ја на пареа.
Сите три смеси измешајте ги заедно. Додадете го и маргаринот и изматете убаво. Оваа смеса сипете ја над целувките.
Изматете ги шлаг пените од ќесичка и нанесете ги врз темниот крем.