Торта од компири со сланина и моцарела

Излупете ги и исечкајте ги на кругови петте компири и ставете ги во чинија, насолете и набиберете, па добро промешајте.

291
Профимедиа

Состојки:
5 компири
2 мали лажички сол
1 мала лажичка бибер
неколку ливчиња шунка
неколку ливчиња моцарела
малку сланина
магдонос
малку сирење за рендање
1 шолја неутрална павлака
2 јајца

Подготовка:
Излупете ги и исечкајте ги на кругови петте компири и ставете ги во чинија, насолете и набиберете, па добро промешајте.
Подредете еден ред компири во тавче, а потоа наредете шунка, па моцарела, па ставете уште еден ред компири и прелијте со пропржена сечкана сланина и магдонос и на крајот ставете уште еден ред компири врз кој ќе ставите малку нарендано сирење.
Во одвоена чинија измешајте ги неутралната павлака и јајцата, па со оваа мешавина прелијте врз компирите. Печете 40 минути, на температура од околу 175 Целзиусови степени.