Тони Брекстон: Се свршив!

70
Фото - Принтскрин/Јутјуб

Во видео тизер на Твитер, како најава за шестата сезона на нејзиното семејно реално шоу, Тони Брекстон споделува новост со јавноста.

– Имам нешто да објавам. Се свршив – изјговара пејачката, при тоа покажувајќи масивен прстен со жолт камен на својата рака.

Иако Брекстон не објавува кој и е свршеникот, се шпекулира дека тоа е хипхоп могулот и поранешен затвореник Брајан „Бирдмен“ Вилијамс, со кого пејачката се забавува две години.

Брекстон (50) и Бирдмен (49) за првпат заедно во јавност се појавија во 2016 година на наградите БЕТ. Но, парот се обидуваше да не биде во центар на вниамнието.