Теодосиќ стана татко

Тео и Јелисавета се венчаа пред две години, а таа заради договорот на нејзиниот сопруг со Клиперси се пресели во Лос Анџелес.

246
Викимедија

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Милош Теодосиќ стана татко.
Неговата сопруга, актерката Јелисавета Орашанин се породи во Лос Анџелес. Гордите родители на девојчето и го дадоа името Петра.

Иако до сега Јелисавета и Милош не се огласија на социјалните мрежи, на родителите први им честитаа на Твитер и Инстаграм, КК Црвена звезда и сестрата на актерката која и го „откри“ името на девојчето.

Тео и Јелисавета се венчаа пред две години, а таа заради договорот на нејзиниот сопруг со Клиперси се пресели во Лос Анџелес. На 7. февруари го отпуштија од клубот и тој сега е слободен кошаркар.

Неодамна Теодосиќ најави враќање во Европа.

 

View this post on Instagram

 

✨🤰🏻#losangeles#la

A post shared by Jelisaveta Orašanin (@jagodenamagli) on

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by Milica Orašanin (@micipicasso) on