Танцов натпревар „Икс денс“ во Скопје

Најдобрите, покрај парична награда, ќе добијат и охридски бисери од фамилијата Филеви.

27

Од 15 до 20 јуни, Скопје ќе биде домаќин на меѓународниот натпревар по кореографија „Икс денс“ кој ќе се оддржи во МНТ. Организаторите известуваат дека натпреварот ќе се оддржи на 17 јуни од 13 часот, а на 18 јуни, од 19 часот, ќе се оддржи гала вечерта на која ќе настапат најдобрите од предходниот ден.

На натпреварот ќе настапат групи и поединци од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ -балетски оддел, како и балетски групи од други градови. Исто така ќе има и натпреварувачи од Русија, Украина, Англија, Италија, Словенија и Турција. Жири комисијата ја сочинуваат: Надица Битулјану и Тања Вујисиќ од Македонија, Димитри Кајгордов од Украина, Марина О’нил Спенсер од Англија, Сергеј Пичуричкан од Русија.

Најдобрите, покрај парична награда, ќе добијат и охридски бисери од фамилијата Филеви.

К.Д.