Свекорот ја спасува церемонијата: Принцот Чарлс ќе ја испрати Меган до олтарот

- Меган Маркл го праша принцот од Велс дали би сакал да ја придружува до олтарот и принцот прифати - потврдија од Кенсингтонската палата.

187
Идната кралска снаа Меган Маркл до олтарот на денот на венчавката, 19 мај, ќе ја испрати принцот Чарлс, објавија од Кенсингтонската палата, откако таткото на невестата, Томас Маркл, морал да се откаже од церемонијата од здравствени причини.
– Меган Маркл го праша принцот од Велс дали би сакал да ја придружува до олтарот и принцот прифати – потврдија од Кенсингтонската палата.
Официјално, 73-годишниот Томас Маркл нема да може да биде на венчавката затоа што закрепнува од операција на срцето во болница во Калифорнија.