Свадбата на внуката на кралицата ќе чини 2 милиона фунти

513
Фото - Принтскрин/Твитер

Принцезата Јуџин, внука на кралицата Елизабета Втора, ќе се венча на 12 октомври, а во медиумите се шпекулира дека за свадбата ќе се потрошат 2 милиони фунти. За споредба, венчавката на Меган и Хари чинеше половина милион фунти.

Колачот, на пример, на венчавката на принцезата Јуџин е со цена од 1.000 фунти, а ангажиран бил и познат оперски изведувач за соодветен надоместок.

Младоженецот и невестата ќе пристигнат во катедралата со отворена кочија и затоа се предвидени сериозни трошоци за обезбедување. Со ждрепка се избрани 1.200 лица, на кои ќе им биде дозволено да стојат во околината на катедралата Сент Џорџ за да ги видат во живо гостите на свадбата и младоженците. Меѓу оние што беа поканети на церемонијата се Ед Ширан, Роби Вилијамс, Џорџ и Амал Клуни.

Јуџин, принцезата на Јорк, е ќерка на принцот Ендрју – третото дете на кралицата Елизабета и принцот Филип, односно, таа е прва братучетка на Хари и Вилијам.

Младоженецот Џек Бруксбанк е поранешен бармен и актуелен вински трговец. Тој ѝ понудил брак на принцезата за време на нивниот одмор во Никарагва. Тие се заедно од 2010 година, кога ги запознал заеднички пријател.