Сторми Даниелс објавува мемоари „Потполно разоткривање“

68
Фото - Профимедиа

Порно актерката Сторми Даниелс, која тврди дека пред повеќе од десет години имала афера со претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе објави книга насловена „Потполно разоткривање“.

За телевизијата Еј-би-си, Даниелс навела дека во мемоарите, што треба да излезат на 2 октомври, ќе бидат изнесени детали за нејзиниот живот и правниот спор со Доналд Трамп.

Порно актерката, чие вистинско име е Стефани Клифорд, тврди дека имала сексуален однос со Трамп во 2006 година. Во очи изборите во 2016 година на неа и биле платени 130.000 долари да молчи за аферата. Таа покрена тужба за раскинување на договорот.

Доналд Трамп и неговиот поранешен личен адвокат се обиделе да стават крај на спорот. Адвокатот на Даниелс, Мајкл Авенти, се противи на отфрлање на тужбата и бара судијата да продолжи со случајот.