Стилизирање на коса без помош на фризер

315
Фото - Профимедиа

Модните трендови заговараат што поприроден изглед на косата, што значи дека таа треба што помалку да се пегла, фенира, навиткува. Иако треба да изгледа како само да сте ја исушиле и излегле од дома, сепак од друга страна, мора да биде негувана и стилизирана.

Како да се постигне благо стилизирана фризура во зависност од типот на косата? Доколку имате права коса, а сакате да постигнете „несмасен“ изглед, а при тоа краевите на вашата коса да не изгледаат суво, потребно е после миењето на косата на неа да нанесете средство за волумен и да ја чешлате додека потполно не ја расплеткате.

После тоа исплетете дева лабави плетенки и оставете косата да се исуши. Кога косата целосно ќе се исуши, расплетете ги плетенките и ќе добиете благо таласеста коса.

Кадрава коса – Доколку имате кадрава коса и не знаете како да имате дефинирани локни без премногу труд, се советува во текот на миењето на косата да ставите регенератор, потоа косата да ја расчешлате со чешел со ретки запци и да ја искпакнете. Исцедете ја вишокот вода од косата, а потоа ставете препарат за кадрава коса што не се измива, со што ќе поттикнете дополнителна влажност на косата.

Обидете се препаратот рамномерно да го нанесете насекаде. за дневна варијанта, стилизирајте ја косата во едноставна висока пунџа. Кога ќе ја пуштите косата, ќе имате сјајни, дефинирани локни.

Брановидна коса – Што и да правите, немојте да ја бришете со крпа брановидна коса додека е влажна, затоа што на тој начин сигурно ќе ги уништите дефинираните брановидни прамени. Наместо тоа, следете го ендоставниот трик – избегнувајте да ја допирате косата после миење.
За совршени меки брановидни прамени, почнете со нанесување масло на краевите. Потоа ставете ја косата позади уши и зацврстете ја така со метални шноли за да постигнете дополнително превиткување на косата. Оставете ја така да се исуши. Тоа е трик на некои професионални стилисти.