Српски „Курир“ со ексклузивни папарацо-фотографии од Џони Деп во Белград ФОТО

Српски „Курир“ објави фотографии кои ги направиле нивните репортери, кои успеале да го фотографираат актерот на излегување од ресторанот.

276
Фото Курир.рс/Ана Паунковиќ

Славниот актер кој во Белград снима сцени за новиот филм, сношти бил виден со пријателите и колегите во познат српски ресторан, каде уживал во најдобрите локални специјалитети.

Групата го напуштила ресторанот околу полноќ, а за сето време на престојот пред вратата стоело обезбедување и се пуштале гости кои имале резервација.

Српски „Курир“ објави фотографии кои ги направиле нивните репортери, кои успеале да го фотографираат актерот на излегување од ресторанот.

Интересно е тоа што биле присутни и тројцата дублери на Деп, кои исто така се во Белград за да ги снимаат сцените во кои експлицитно не се покажува ликот на актерот.

Фото Курир.рс/Ана Паунковиќ