MагазинСтил

Совети за кожа од холивудски дерматолог

Фото - Принтскрин/Инстаграм

Холивудскиот дерматолог, доктор Харолд Лансер, којшто го обожаваат бројни ѕвезди како Бијонсе, Викторија Бекам и Ким Кардашијан, открива тајни за кои вашата кожа ќе ви биде благодарна.

За негувана кожа тој на жените им препорачува добро да се наспиваат, зашто производството на колаген се забрзува во текот на спиењето.

Не мијте лице и не се туширајте со топла вода, зашто таа ја суши кожата.

Навлаките од перниците перете ги што почесто, ако треба и два пати неделно и користете што „понежни“ детергенти.

Бидете доследни во својата рутина за убавина и редовно правете пилинг со кој ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата.

Вашата исхрана нека биде богата со протеини, затоа што тие се многу потребни за кожата и за раст на косата и ноктите.
Докторот препорачува и намалување на внесот на шеќер и сол, бидејќи тие не само што штетат на линијата, туку и на кожата. Вишокот сол се исфрла на површина на кожата, со што доаѓа до појава на акни.

Не го чепкајте лицето често, зашто така го зголемувате ризикот од појава на митесери.

Редовно чистете го мобилниот телефон со алкохол, зашто во спротивно пренесувате бактерии на лицето.

Секогаш со себе имајте шишенце со вода, зашто хидратацијата е клучна за убава кожа.

За крај, Харолд Лансер советува дека краставиците се одлична храна за кожата, заради процентот на вода што го содржат. Исто така, познато е дека тие се одлични за ублажување на подочниците.