Софтвер кој открива крадци пред да изврши кривично дело

Испраќа предупредување преку паметените телефони за да спречи тоа криминално дело.

133
Pintrest

Јапонската фирма за технологија тврди дека го измислила софтверот за вештачка интелигенција, кој анализира улични камери за да открие сомнително однесување и да спречи кражба во продавниците пред да слета.

Во 2002 година, во филмот „Малцински Извештај“, во кој глуми Том Круз, каде што спречувањето на криминалното дело пред да биде направено беше само сај фај идеа, но благодарение на брзиот напредок на вештачката интелегенција, веќе постои рана верзија на овој вид технологија.

„VaakEye“, софтвер за вештачка интелигенција развиен од компанијата „Vaak“, наводно, е способен да открие кражба во продавниците пред да се случи со анализа на камери за надзор и откривање на дискретни, сомнителни движења и однесување на луѓето во продавницата.

Потоа испраќа предупредување преку паметените телефони за да спречи тоа криминално дело. Денес, “Vaakeye” тестира софтвер на неколку локации во Токио, но плановите вклучуваат инсталирање на овој софтвер во повеќе од 100.000 продавници во Јапонија во следните три години.

“Vaakeye” функционира врз основа на логаритам базиран на повеќе од 100.000 часа снимања од камерата за надзор и вклучува над 100 фактори, од лице, облека и однесување.