Славниот Расел Кроу се надева дека ќе успее договорот помеѓу Македонија и...

Славниот Расел Кроу се надева дека ќе успее договорот помеѓу Македонија и Грција ФОТО

„Ја сакам Грција. Ја сакам Македонија. Се надевам дека се добро ќе се заврши.“

273
SHARE
Профимедиа

По вестите дека премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, го постигнаа договорот околу новото име, се огласи и славниот холивудски актер Расел Кроу (54).

Австралијанецот Кроу на Твитер напиша дека ги сака и Грција и Македонија.

„Случајни мисли од Фиренца… „Ја сакам Грција. Ја сакам Македонија. Се надевам дека се добро ќе се заврши.“

Расел Кроу, кој е најпознат по улогата во филмот „Гладијатор“ тој твит го објави од Фиренца, Италија.

Подготви: K. A.