Синот на Марлон Брандо: Квинси лаже дека татко ми имал секс со Прајор

108
Фото - Профимедиа

Моето семејство и јас ги слушнавме недамнешните коментари на Квинси Џонс и многу сме разочарани што некој би кажал такви лаги за мојот татко и Ричард Прајор, изјавил Мајк Брандо.

Синот на покојната холивудска легенда е бесен што продуцентот Квинси Џонс шири такви информации и тврди дека неговиот татко спиел и со мажи и со жени.

– Татко ми немал секс со Прајор – истакнал Мајк.

Џонс минатата седмица во интервју за „Волтур“ рече дека Брандо спиел со комичарот, како и со многу други мажи и жени.

– Тој би имал секс со се, па дури и со поштенско сандаче. Беше со Џејмс Болдвин, со Ричард Прајор и со Марвин Греј – коментираше Квинси Џонс за однесувањето на Брандо во 70-тите, а неговите зборови ги потврди и вдовицата на Прајор, Џенифер Ли.