Сила и енергија наместо броење калории за време на вежбањето

Физичката активност им помага на сите мускули, вклучително и срцето, да работат со правилен ритам.

111

Ако вашиот главен фокус е броењето калории, тогаш вежбањето го применувате поради сосема погрешни мотиви.

Броењето калории може да ви биде и демотивација, особено ако ја цените храната и ако едно парче торта ве прави анксиозни и ви предизвикува омраза кон себе.

Затоа, треба да се посветите и на други нешта:

Вашата сила

Што и да тренирате, со тек на време тоа ќе ве направи и посилни и попрофесионални во самиот спорт. Наместо да размислувате колку калории ќе согорите додека боксирате вреќа, мислете на тоа дека еден ден ќе имате навистина силен и извежбан удар и ќе можете да се одбраните доколку тоа е потребно.

Дека нештата стануваат полесни

Можеби успевавте да направите само пет стомачни вежби кога почнавте, а сега правите 20 без никаков проблем? Не грижете се, за кратко време ќе ви биде полесно да направите и 50, па и 100 вежби.

Се подобрува работата на срцето

Физичката активност им помага на сите мускули, вклучително и срцето, да работат со правилен ритам.

Доброто чувство по тренинг

Сосема е нормално после тренинг да се чувствувате уморно, но ако споредите со другите видови умор, овој е далеку поубав и попријатен.