Швеѓанката Елза Хоск ќе го носи градникот на фантазиите на „Викторијас сикрет“

295
Фото - Принтскрин/Инстаграм/Викторијас Сикрет

Шведската убавица Елза Хоск годинава ја има честа да го носи прочуениот т.н. градник на фантазиите на ревијата на „Викторијас сикрет“.

Да се носи овој градник на ревијата, што е главно парче од шоуто и најновата линија на брендот, за некои модели претставува дури и поголема чест од статусот „ангел“.

Овојпат градникот го изработи „Ателје Сваровски“ и на него се наоѓаат 2.100 Сваровски дијаманти од 71 карат. На изработка на градникот на фантазиите работеле четири лица на кои им биле потребни 930 часа да го креираат. Градникот вреди импресивни милион долари.

Од „Викторијас сикрет“ изјавиле дека поевтина верзија на градникот од 250 долари ќе биде достапна во продавниците и на нивниот веб сајт од 29 ноември. Тој ќе биде изработен од Сваровски кристали.

Овојпат градникот е наречен „Dream Angels“.

– Се поклонувам пред најдобриот роденденски подарок што некогаш сум го добила! Градникот на фантазиите. Ова е за секој што верува во напорна работа и се бори за своте најлуди соништа. Ви благодарам што направивте мојот да стане реалност. Едвај чекам да го носам градникот од милион долари на пистата на шоуто – напиша Хоск на својот профил на Инстаграм.

Фото – Принтскрин/Инстаграм/Викторијас сикрет

Најпопуларното модно шоу во светот, ревијата на „Викторијас сикрет“ годинава ќе се снима на 8 ноември, а на телевизија ќе се прикажува на 2 декември. Освен „ангелите“, на шоуто на моданата писта како музички изведувачи ќе може да ги видиме и Рита Ора, Шон Мендес, Бебе Рекса, „Чејнсмокерс“ и други.