Швајцарија: На Германец му се заканува затвор поради пребрзо возење

Инцидентот се случил во неделата близу Боденското Езеро. Полицијата веднаш му ја одзела дозволата, го запленила автомобилот и го привела возачот.

84

Германски државјанин во Швајцарија го возел својот автомобил со брзина од 249 километри на час, на делница каде што ограничувањето на брзината е 120 километри на час, за што покрај парична казна и одземање на возачката дозвола, може да добие и до четири години затворска казна.

Инцидентот се случил во неделата близу Боденското Езеро. Полицијата веднаш му ја одзела дозволата, го запленила автомобилот и го привела возачот.

Пребрзото возење според швајцарските закони се третира како кривично дело, а не како прекршок и предвидени се затворски казни во траење од една до четири години.

Пред пет години, друг Германец беше фатен како вози со 200 километри на час во тунел, по што беше осуден на 30 месеци затвор.