Што ви порачува организмот кога нагло слабеете?

Понекогаш сигурно сте воодушевени од наглото исчезнување на вишокот килограми, но необјаснивото нагло слабеење носи и причини за загриженост.

Една од можностите е појавата на дијабет тип 1 или 2 и проблемот лежи во тоа што една четвртина од болните од оваа болест не се свесни за својата состојба.

Поради тоа што ненадејното добивање на тежината често се издвојува како симптом на дијабетес, многумина ја занемаруваат другата страна на медалот. Во овој случај телото ја губи способноста на претворањето на храната во енергија и почнува да ги користи залихите. Со наглиот губиток на тежината доаѓа и до ризик од дијабетска кома, па дури и смрт.

Постојат некои предиспозиции за развој на болеста, како што се дебелината и историјата на болестите во семејството, но секој може да заболи од неа.

Затоа, доколку забележите дека сте почнале нагло да губите на тежината од пет – десет килограми или 10 отсто од вкупната тежина во рок од еден месец, веднаш обратете се кај лекар.

Исто така, ако забележите дека сте постојано жедни и гладни, константно изморени или често морате да мокрите, направете хемоглобин А1ц крвен тест за да утврдите дали имате дијабет.

Во случај ако резултатот е позитивен, вашиот лекар ќе ви препише режим на исхрана, вежби и лекови кои ќе ви помогнат да ја контролирате состојбата.

Подготви: K. A.