Што смеете да јадете, а што не, ако ве мачат грчеви

Грчот трае неколку долги секунди до десетина минути, но непријатноста и болката може да продолжат.

214
Профимедиа

Болните контракции на мускулите кои ги искусуваме во текот на грчот со интензитетот можат да нè разбудат од сон, но и да го оневозможат продолжувањето на активноста со која се занимаваме.

Грчевите може да се јават кога личноста е неподготвена за телесните напори на кои се изложува – лицата кои штотуку почнале да тренираат некој спорт или да вежбаат речиси е сигурно дека ќе искусат грчеви ако претераат со интензитетот на телесната активност.

Грчот трае неколку долги секунди до десетина минути, но непријатноста и болката може да продолжат.

Храна која помага
Ако имате проблеми со грчевите, важно е да консумирате производи кои содржат калиум, бидејќи овој минерал му помага на телото во разградувањето на јаглехидратите и изградувањето на мускулите. Затоа, дневната доза на храната богата со калиум може да ви помогне во отстранувањето на грчевите во нозете и во спречувањето на нивното повторно настанување.

Што да изберете? Грст сушено овошје, чаша сок од домати, сок од цитрусно овошје или млеко, портокал или банана – изборот е мошне разновиден. Важно е да пиете многу вода, бидејќи помага во циркулацијата и од мускулите ги отстранува материите кои ги предизвикуваат грчевите.

Храна која штети
Кофеионот, кој најчесто се наоѓа во кафето, чајот и во некои газирани пијалаци, може да придонесе за појава на грчевите, бидејќи влијае на стеснувањето на крвните садови и забавувањето на циркулацијата во мускулите. Префрлете се на кафе без кофеин, билни чаеви или вода.