Шок во детска градинка: Кај шестгодишно дете полицијата нашла пиштол со куршуми

Тоа се случило откако некој го пријавил детето дека во панталоните носи нешто што делува како тежок предмет.

212
Принтскрин/Јутјуб

Полицијата во сојузната американска држава Охајо, вчера соопшти дека во една детска градинка на шестгодишно дете му запленила пиштол.

Тоа се случило откако некој го пријавил детето дека во панталоните носи нешто што делува како тежок предмет.

Полицијата од градот Коламбус во кој се наоѓа градинката, не коментираше дали пиштолот бил наполнет, но на фотографијата која е објавена, се гледаат куршуми заедно со запленетиот пиштол.

Освен тоа, полицијата соопшти дека детето нема да биде обвинето зошто е премногу младо, како и тоа дека истражува од каде го зело оружјето. Директорот на градинката Тајри Полард во писмо им соопшти на родителите дека детето „ќе се соочи со соодветна дисциплинска мерка“, но не соопшти конкретно каква.

Тој во градинката воведе правило за нулта толеранција кон оружјето и ги замоли семејствата на учениците да разговараат со нив за избегнување на оружјето и држење на истото подалеку од училиштата.