Сестрата на Сала се прости од него со емотивна фотографија

Ромина Сала, која е сестра на трагично починатиот фудбалер Емилијано Сала, на Инстаграм се прости со емотивна порака од својот брат.

353

Ромина Сала, која е сестра на трагично починатиот фудбалер Емилијано Сала, на Инстаграм се прости со емотивна порака од својот брат.

Таа го облекла својот мал син во дресот на Емилијано, а во описот напишала:

„Ангелу мој, прегрни ме со душата. Ангелу мој со нескротени крилја, те сакам, скршена сум. Знам дека секогаш ќе бидеш светло на нашиот пат, а јас ќе му зборувам за секој момент на среќа, секоја прегратка, секое чувство, секоја насмевка која си ни ја посветил, за твојата голема љубов. Те сакаме и многу ни недостасуваш“.