Селена Гомез во бикини се журка на плажа (ФОТО)

Атрактивната пејачка во полн сјај се врати на Инстаграм.

242
Фото - Профимедиа

Светската музичка ѕвезда Селена Гомез блеска во бикини по терапијата, изгледа дека комплетно се опоравила од кризата.

Атрактивната пејачка во полн сјај се врати на Инстаграм.

На нејзиниот профил се појавија првите фотографии по подол период. Фотките се од журката  на плажа организирана од најдобрата другарка на Селена.

Друштвото се забавувало на плажата Кабо Сан Лукас во Мексико, а Гомез под фотката го објаснила поводот за оваа дружба.

„Мојата најдобра другарка се мажи. Идната госпоѓа Лопез!“.

За ова фотографирање во песок Селена одлучила да облече светло беж бикини во кое изгледа совршено.