Седум опасни знаци кои упатуваат на затнување на крвните садови, а кои упорно ги игнорираме!

Најчеста причина за затнување на крвните садови е нездравиот начин на живот. Масните наслаги се таложат на ѕидовите на крвните садови, а тие се стеснуваат и стануваат тврди.

1331
Профимедиа

Многумина и понатаму веруваат дека затнувањето на крвните садови ги мачи единствено старите лица. Овој проблем, велат стручњаците, неретко ги погодува и младите лица. Многу е важно да се препознаат знаците на предупредување за да може навреме да се побара лекарска помош.

Најчеста причина за затнување на крвните садови е нездравиот начин на живот. Масните наслаги се таложат на ѕидовите на крвните садови, а тие се стеснуваат и стануваат тврди.

Секако, само еден симптом не значи дека дошло до затнување на артериите. Но, ако редовно доживувате неколку од овие симптоми, треба веднаш да реагирате.

Болки во потколениците, бутовите или колковите
Болка во нозете за време на некои активности, како што е пешачењето, може да биде знак за затнати артерии. Тоа значи дека вашите екстремитети не добиваат доволно крв. Симптомите може да вклучуваат болка во мускулите или грчеви во нозете (или рацете).

Болка во градите
Болка во градите (ангина пекторис) е резултат на намален доток на крв во срцето. Доаѓа до затегнување, вкочанетост, тежина, притисок и печење. Болката при оваа болест нема да се појави додека мирувате, туку само при физичко оптоварување. Оваа состојба не е ни приближно опасна како и срцевиот удар. Ако прободувањето од градите почне да се шири и на грбот, веднаш треба да реагирате.

Привремено губење на видот на едното око
Каротоидните артерии ги снабдуваат очите и мозокот. Ако тие артерии се затнат, резултат е привремено губење на видот или замаглен вид на едното око. Целосна блокада може да доведе до мозочен удар.

Болки во долниот дел на грбот
Ова е сериозен знак кој не смее да се игнорира. Кога протокот на крвта во долниот дел на грбот е намален, дисковите меѓу пршлените стануваат кревки. Обично ова е прв симптом кај лицата кои страдаат од затнати артерии.

Краток здив
Овој синдром се развива кога коронарните артерии ќе се оштетат и тогаш срцето не е во состојба да испумпува доволно крв како би се задоволиле потребите на телото.
Чувството дека сте без здив кога лежите е, исто така, симптом кој треба да се лекува без одложуивање.

Студени раце и стапала
Студените стапала може да бидат предизвикани од периферната артериска болест (PAD). Овој проблем се јавува кога стеснатите артерии ќе го намалат дотокот на крв во екстремитетите. Бавното зараснување на раните или слабиот пулс во стапалата, исто така, се знаци кои е потребно да ги проверите кај лекар. Присутност на PAD може да укажува и на тоа дека во телото постои артериска болест која може да влијае на мозокот или срцето, предизвикувајќи мозочен или срцев удар.

Замор и вртоглавица
Според лекарите, заморот е поредок симптом кога станува збор за коронарно-артериска болест, но може да се случи. Овој симптом може да се развие како резултат на намаленото ниво на кислород поради слаб проток на крвта и почесто ги погодува жените.

Што го зголемува ризикот од затнати артерии?
Според Националниот институт за срце, белите дробови и крвта се фактори кои го зголемуваат нивото на ризици се:
– Нездраво ниво на холестерол во крвта. Тоа сугерира високо ниво на лош и ниско ниво на добар холестерол.
– Висок крвен притисок. Крвниот притисок не смее да надминува 140/90.
– Пушење. Пушењето штети и ги стега крвните садови, го зголемува нивото на холестерол и го зголемува крвниот притисок.
– Прекумерна телесна тежина или дебелина.