Се разведува од сопругот бидејќи сакал да го крсти бебето како неговата бивша

229

Бремена жена(23), чие име остана анонимно, планира да се разведе од својот сопруг откако открила како сака да го крсти нивното бебе.

Нејзиниот сопруг(24) рекол дека тој ќе го крсти ова бебе, а таа може да го крсти наредното, но сопругата останала со скршено срце откако открила кое име го избрал сопругот.

Тој избрал име кое е многу слично со името на неговата поранешна девојка, за која сопругата вели дека многу ја сакал. Таа вели дека неговата поранешна девојка им создавала многу проблеми во почетоците на нивната врска.

Девојката својот проблем го напишала на „Редит“ и побарала совет објаснувајќи ја ситуацијата. Таа добила многу пораки, а повеќето од нив советувале дека тоа е недозволиво.