Се ожени поранешниот сопруг на Меган Маркл

Тревор ја запроси својата девојка кратко откако се одржа кралската свадба на принцот Хари и Меган Маркл.

274
Профимедиа

Поранешниот маж на Меган Маркл, Тревор Енгелсон, се венчал со својата девојка Трејси, во Калифорнија.

Парот имал приватна церемонија, далеку од очите на јавноста, во луксузна вила. Тревор ја запроси својата девојка кратко откако се одржа кралската свадба на принцот Хари и Меган Маркл.

Тревор ја запознал Трејси преку заеднички пријатели пред околу една година.

Претходно, Меган и Тревор се венчаа во септември 2011 година, а нивниот брак потраја едвај две години.