Сѐ е на продажба, па и пижамата на Курт Кобејн

Вдовицата на Кобејн, Кортни Лав, тогаш и ја дала пижамата на шокирана обожавателка, која присуствувала на погребот.

49
Фото - Принтскрин/Јутјуб

Болничката пижама која Курт Кобејн ја носел во 1992 година на последниот британски концерт на  „Нирвана“ на фестивалот „Рединг“, пред пејачот да изврши самоубиство, на 14 март ќе се продава на аукција по цена од 46.280 евра.

Вдовицата на Кобејн, Кортни Лав, тогаш и ја дала пижамата на шокирана обожавателка, која присуствувала на погребот. Неименуваната обожавателка ја чувала белата памучна пижама со долги ракави полни 25 години, но сега ќе ја продава преку американска аукциска куќа, пренесуваат светските медиуми.

„Ова култно и музејско парче го претставува фронтменот на „Нирвана“ на вистински начин, кој не им посветуваше внимание на критичарите, туку ја задржа својата оригиналност, која го направи жива легенда. Ова е навистина извонреден спомен на рокенролот, кој се нуди на продажба на 25 годишницата од неговата смрт“, изјавил портпаролот на аукциската куќа.

Фото: Инстаграм