Русинка на полицајци им понудила секс во тројка, само да не ја уапсат

Нејзиното признавање на вината, било пресудно за во судот да не се прикажат „интимните детали” од настанот, пишува „Дејли мејл”.

270
Фото: Принтскрин / Еспресо

Дваесет и четиригодишната Кира Мајер од Русија била осудена на 18 месеци затвор откако наводно им понудила секс во тројка на полицајци. Тоа се случило кога тие ја застанеле поради прекршоци и напад врз нив.

Таа на судот признала дека ги нападнала откако ја запреле во Москва, каде се возела со својот „мерцедес”.

Наводно, Кира им го зграпчила записникот од рацете, почнала да ги удара и гребе, а на крајот се обидела и да побегне. Нејзиното признавање на вината, било пресудно за во судот да не се прикажат „интимните детали” од настанот, пишува „Дејли мејл”.

Според друг извор, Кира на полицајците им понудила сексуален однос „соло или во дует”, само за да ја пуштат. Полицајците го одбиле и тоа и ја уапсиле.

Според руските медиуми, „мерцедесот” таа го возела без возачка дозвола, која и била одземена минатиот ноември откако побегнала од местото на несреќата.

На Инстаграм Мајер ја следат 148 илјади лица, на кои таа често им се фали со фотографии од Париз и Дубаи.

-Кога ќе ми здосади мојот среќен живот, ќе се омажам и ќе патам како нормалните луѓе – изјавила таа во минатото.

Извор: Еспресо