Русин истрчал маратон на минус 52 степени во Ојмјакон

На Иља за таа дистанца му требаа 3 часа и 53 минути.

121

Иља Пестерев, учесник на првиот меѓународен маратон на „ледениот пол“, како уште го нарекуваат Ојмјакон, најстудената населба на планетата  Ојмјакон, истрча 38 км на температура од минус 52 степени пренесува порталот „Руска реч“.

На Иља за таа дистанца му требаа 3 часа и 53 минути. Учесници во трката беа поборници за здрав начин на живот, како и шампиони на Русија и Република Јакутија.

Трката почна во 11 часот. Наутро температурата на воздухот изнесуваше -52°C, а подоцна се искачи до – 49 степени. Сите учесници дотрчаа до целта. Аматерите истрчаа пет километри, а искусните маратонци од 10 до преку 30 км, велат организаторите на првиот маратон „Ледениот пол – Ојмјакон“.