Роман Абрамович ѝ купил вила од 80 милиони евра на бившата сопруга ФОТО

Роман Абрамович трите куќи, на броевите 9, 11 и 13, ѝ ги препишал на 14 септември на својата поранешна сопруга Даша Жукова, а се проценети на 63 милиони евра.

305
Профимедиа

Рускиот олигарх Роман Абрамович овие денови препишал недвижност во елитниот дел на Њујорк, вредна неверојатни 80 милиони евра, на име на својата поранешна сопруга Даша Жукова.

Мегавила
Додека не се всели во својот нов дом, Даша Жукова со синот и ќерката, кои ги доби во бракот со Роман Абрамович, живее во вила неколку улици подалеку, која е во сопственост на непознат Русин, а тој таа куќа ја купил во 2008 година за 36 милиони евра, но не живее во неа, ниту во Америка.

– Даша и Роман имаат пријател Русин кој поради санкции не смее да стапи на американското тло, а кој им го изнајмил својот дом додека се преуредува мегавилата – рекол извор близок на поранешните сопружници.
За реновирањето е задолжена компанијата „Херцог и д Мерон“, а ќе изградат и базен.

Роман Абрамович трите куќи, на броевите 9, 11 и 13, ѝ ги препишал на 14 септември на својата поранешна сопруга Даша Жукова, а се проценети на 63 милиони евра.
Потоа додал уште една, за 14 милиони евра, на бројот 15. Со дозвола на комисијата, одлучено е куќите на броевите 11, 13 и 15 да се спојат и од нив да се направи мегавила.

Покрај тие недвижности, Роман на Даша ѝ го препишал четвртиот кат на зградата која се наоѓа во 73. Источна улица, на бројот 225, вреден околу 847.000 евра, како и стан со иста вредност на првиот кат на зградата на бројот 215. За место на живеалиште Роман Абрамович во актите ја навел својата адреса во Москва, а Даша Жукова вилата во која сега престојува.

Бракоразводна парница

Овие трансфери и препишување на имотот се дел од нивната бракоразводна парница. Самиот Роман Абрамович неодамна стана државјанин на Израел, откако се појавија проблеми па тој не можеше да ја продолжи својата британска виза, и покрај тоа што е сопственик на фудбалскиот клуб Челси. На рускиот олигарх визата не му е продолжена првпат од 2003 година, кога го купил Челси, после што поминуваше многу време во Лондон.
Вкупното богатство на Роман Абрамович се проценува на 11,5 милијарди долари.

Како што пишуваат медиумите, Роман Абрамович ќе живее во својата нова вила во Тел Авив. Станува збор за поранешен хотел кој во 2015 година го купил за околу 22 милиони евра од сопругот на актерката Гал Гадот, Јарон Варсан.

Рускиот милијардер пред една година откри дека се разведува од 36-годишната Даша, колекционерка на уметнички дела. Даша и Роман се венчаа во 2008 година, но за тоа во јавноста не се знаеше шест години. Даша Жукова никогаш не сакала за медиумите да зборува за сопругот и за нивниот заеднички живот.

Фото: Профимедиа