Ретка единка на црн леопард фотографирана во Кенија

Не требало да помине многу време додека на снимките да се забележи црна единка, во присуство на повозрасна со вообичаените шари.

155
Принтскрин/Твитер

Природата е чудесна, а последен доказ за тоа е преубавата женка леопард со меланизам, односно доминантен темен пигмент, фотографирана во Кенија.

Откако биологот Ник Пилфорд наслушнал дека е забележан црн леопард, при крајот на 2018 година поставил фото-мамци во обид да го фотографира ова ретко животно.

Не требало да помине многу време додека на снимките да се забележи црна единка, во присуство на повозрасна со вообичаените шари.

Ова не е првпат во Кенија да биде забележан црн леопард, но другите сведоштва се доста далечни, што многумина верувале дека е митови.

Ваквата мутација не им помага многу во камуфлирањето во околината во дневни услови, но им дава голема предност кога ловат ноќе.